„Тирамису“ премиерно во Велешкиот театар

На Големата сцена на Театар „Џинот“ Велес вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Тирамису“, според текст на полската авторка Јоана Овшианко, во режија и адаптација на Теа Беговска.
Претставата е четврта продукција од Годишната програма на Велешкиот театар за 2017 година и се занимава со постпазарната етика и естетика, преиспитувајќи го феноменот на консумеризмот и потрошувачкото општество, наспроти изгубената човечност и суштинските вредности на животот.
- Зборуваме за баналности, а не за суштински нешта. Се претворивме во машинерија диригирана од луѓе кои заборавиле на вистинските вредности, вели режисерката Беговска.
За неа, главна провокација за постановка на претставата е токму измислениот осми лик, кој не постои во оригиналниот текст, а кој во претставата го игра актерката Румена Шопова.
- Осмиот лик е се што сум јас, се што е секој еден обичен човек кој се обидува да се вклопи во наметнатиот систем на општеството. Приказната на осмиот лик живее во мене, во сите нас. Тоа е приказна за вербата во подобро утре, за вербата во човечноста и вистинските вредности, потенцира Беговска.
Сценографијата за претставата е на Валентин Светозарев, костимите се на Андреј Ѓоргиевски, автор на музиката е Енес Беговски, видеото е на Данчо Стефков, а дизајнот на светлото на Звездан Миљковиќ.
Во претставата настапуваат актерите Маја Љутков, Зорица Панчиќ, Талија Настова, Марија Стефановска, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Душица Настова и Румена Шопова.
Првата реприза на претставата е закажана за 2-ри јули.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
