ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања

Екипите на регионалните центри за управување со кризи во текот на изминатото деноноќие поради обилните врнежи интервенираа на повеќе критични локации низ државата.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), на подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита.
Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај село Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3.
- Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај улица „Прилепска“ во Кичево, каде е побарана општинска интервенција. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали, сопшти ЦУК.
Во Куманово, реката Пчиња накратко излезе од коритото кај Пелинце – Стрновац, без нанесена штета. Мостовите во Коинце и Пелинце се расчистуваат од насобрани дрва и отпад, без констатирана опасност по нивната стабилност.
Од ЦУК потсетуваат дека на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ беше регистриран голем одрон поради кој сообраќајот беше во прекин. Патот е расчистен по една лента, а во тек се активности за целосно обезбедување на трасата.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања
-

Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ
-

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби
-

Русија соопшти дека ноќеска соборила 65 украински дронови
-

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
-

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Крушево, за викендот нови врнежи
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн
