Тилeрсoн ja посети демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја
Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, денеска ги посети американските војници во најстрого чуваната граница во светот, на демилитаризираната тампон зона меѓу непријателските Северна и Јужна Кореја, која е остаток од Корејската војна од 1953, пренесува БТА.
Тилерсон со хеликоптер пристигна во американската воена база „Бонифас", што се наоѓа на 400 метри од тампон зоната. На новиот американски државен секретар ова му е прва посета на Азија, во која ќе ги посети и Јапонија, Јужна Кореја и Кина.
Се смета дека во зоната има над еден милион нагазни мини. Местото е оградено од двете страни со бодликава жица, противтенковски бункери и стотици илјади војници во борбена готовност.
Во Јужна Кореја, првиот дипломат во администрацијата на Трамп, ќе се сретне со својот колега Јун Бјунг-се и со јужнокорејскиот премиер и вршител на должноста претседател, Хванг Кјо-ан.
Ново на Сител
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес
-
Шукова најавува инфраструктурни проекти во Општина Бутел
-
Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
-
Жените земјоделки: Нашето земјоделство е пациент кој што го лечеа многу лекари, но никој не ја погоди точната дијагноза
-
Занаетчиството во криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка