Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
Булингот или меѓуврсничкотo насилство не е новина кај нас, но последните години добива на интензитет. Од тие причини, потребна е долгорочна национална стратегија, преку која ќе се едуцираат стручните соработници и сите оние кои се вклучеи во воспитно образовниот процес, а која ќе има за цел да го превенира овој социолошки феномен.
- Многу малку се посветува внимание на воспитниот процес, а тој е круцијален. Зошто децата денес снимаат, кога се случува насилство, а не помагаат, затоа што емпатијата е изгубена. Не сакам да звучи прегрубо, но развиваме егоисти, индивидуалци, што го наметнува и самото општество. Ние мора да живееме во духот на соработка, солидарност и правилни вредности, изјави Татјана Стојаноска Иванова, Институтот за социологија при Филозофски факултет - УКИМ
Булингот не завршува во училиштето и е во тесна корелација со менталното здравје на децата.
- Детето, кога ќе дојде дома, сфаќа колку може да развие анаксиозност, депресија, осаменост, тага, да развие една ситуација во која ќе се чувствува, несреќно, тажно и осамено. И не само она дете кое што е жртва на булинг, туку и оние кои што се неми сведоци, набљудувачи, не знаат како да постапат во дадената ситуација, се плажат некогаш да пријават, затоа што насилникот е многу помоќен од нив, изјави Софија Георгиевска, Филозофски факултет- УКИМ
Насилникот има проблем со менталното здравје, зашто има потреба да истакне дека е моќен и силен, за да компензира некоја негова слабост. Од тука се создава еден магичен круг, во кој насилникот некогаш бил жртва, а немиот набљудувач да стане дел од насилничката група. Според проф. Георгиевска само преку мултисекторски и партнерски пристап ќе се прекине кругот на насилството.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар