Loading Video...
Свет
14. October 2025 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Израел го прекрши прекинот на огнот во појасот Газа, обвини Хамас. Израелско  беспилотно летало пукаше  врз жители кои ги проверувале нивните домови во источниот дел на квартот Шеџаја во градот Газа  претпалднево , при што пет лица беа убиени изјави портпароллтто на Хамас. ИЗарелската војска вели дека интервенирале откако луѓето ја преминале жолтата линија, каде што  израелските трупи се повлекле  според  договроот за првата фаза од планот на Трамп за завршување на војната.  Во меѓувреме форумот за израелски заложници ја повика израелската влада да го суспендира договорот за прекин на огнот, обвинувајки го Хамас дека го крши догооврот со тоа  што не ги вратиле сите заложници и оти мора да се соочи со сеериозен одговор.

Вчера милитантната група   ги ослободи сите 20 живи заложнции но ги врати посмртните останки на само четворица од вкупно 28 починати заложници, тврдејки дека им е потребно повеке време да ги лоцира местата  каде се погребани останатите.  Откако Хамас и предаде сите живи  заложќници  а Израелската странна ослободи  околу 2000 палестинска затворениви и притовеици, ТРамп  од Израел   прогласи крај на двегодишната војната во енклавата.

Неколку часа пододцна  ги  собра  муслиманските , арапските и  и европските лидери  во Египет на разговори  за иднината на Појасот Газа и можноста за поширок регионален мир,  додека Хамас и ИЗарел кои отсустуваа  од собирот,  се уште не преговарале за следните фази  од неговите план -  разорожувањето на Хамас, управувањето со Газа и целосно повлекување на израелската војска. Најтешките теми  доправа престојат предупредуваат аналитичарите.

И поради таа причина, мислам дека она што го гледаме е... перспектива за уште една експлозија откако ќе се смири прашината. „Постои огромен ризик од враќање на насилството во голем обем, освен ако Соединетите Американски Држави, особено, не покажат поголема волја да продолжат напред отколку што покажаа во последните две години..

Украинскиот претседател ги повика лидерите и меѓународната заедница да не го губат моментумот за унапредување на мирот по напредокот постигнат на Блискиот Исток со договорот за прекин на огнот во Газа. Војната во Европа може да се заврши порача Зеленски и наајви дека во петок ке се сретне со ТРамп во Вашингтотн.  Зеленски  ќе ги бара    ракетити  со долг дострел Томахавк кои можат да ја погодат Москва.

Трамп синоќа изјави дека не ја исклучува можноста за испорака на Томахавк  „ на Украина, додавајќи дека овој потег би можел да го зголеми притисокот врз Русија и да помогне во завршувањето на војната. Кремњ со порака- русија останмува отворена за мировни прегтовори. 

„Руската страна останува отворена и подготвена за мирен дијалог и се надеваме дека влијанието на Соединетите Американски Држави и дипломатските вештини на претставниците на претседателот Трамп ќе помогнат да се охрабри украинската страна да биде поактивна и поподготвена да се вклучи во мировниот процес.“