Тевдовски: Обезбедени средства за проширување на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир
Владата, во соработка со ЈП за државни патишта, ќе го реализира проектот за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка - Деве Баир.
- Со оваа инвестиција се планира рехабилитација и проширување на патната делница со две коловозни ленти во колосек со три ленти, рехабилитација на еден коловоз со две ленти и рехабилитација на еден коловоз со три коловозни ленти со вкупна должина од 13 километри. Патната делница Крива Паланка - Деве Баир е дел од источниот Пан-европски патен коридор VIII, па со тоа придобивките од реализацијата на проектот би биле не само од национален, туку и од регионален интерес, потенцираше министерот за финансии Драган Тевдовски.
Во собраниска процедура влезе Предлог на Законот за гаранција на РМ на обвските по Договорот за заем за финансирање на оваа патна делница. Договорот за заем ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта.
За реализација на овој проект преку ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра. Дополнително се очекува во декември 2018 година да биде официјално одобрен и инвестициски грант во износ од 2,62 милиони евра од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?