Тевдовски: Мерката за поддршка на растот на фирмите ќе ја придвижи економијата

- Со зголемувањето на минималната плата од септември, податоците од јануари и февруари 2018, покажуваат дека просечната плата во Македонија е порасната за 4,6 проценти во однос на истиот период од лани, изјави министерот Тевдовски.
Според него, ова е недоволно и потребно е да се преземат и други мерки за да се овозможи платите да растат, потенцирајќи дека со поддршка на компаниите за зголемување на платите во трудоинтензивните сектори ќе се забрза економијата. Со оваа мерка е предвидено да се опфатат околу 50.000 работници во 15.000 компании.
- Тука зборуваме за поддршка за раст на платите во трудоинтензивните сектори, за работниците во овие сектори кои ќе добијат зголемување на платите во однос на последниот квартал 2017-та година, државата ќе покрие 30 проценти од растот на бруто платата. Мерката ќе важи за работниците кои што имале плати во нето до 18.000 денари, како просек во последниот квартал на 2017 година. Во буџетот веќе се предвидени околу 360 милиони денари, за да може годинава фирмите да добиваат поддршка. Поддршката ќе се добива по исплатена плата на работниците, рече министерот Тевдовски.
Со воведувањето на оваа мерка, ќе се зголеми продуктивноста. Министерот очекува и мерки за компаниите за вложување во нова опрема и машини.
Одговарајќи на новинарски прашања кога се очекуваат севкупни вложувања, со цел, зголемување на продуктивноста, министерот за финансии рече дека очекува оваа мерка да започне да се применува наскоро.
Тој додаде за помалку од еден месец ќе достават информација до Владата и кога ќе помине, фирмите ќе можат да ја користат и да ги зголемат платите на работниците во трудоинтензивните дејности.
Што се однесува до преговорите за избор на гувернер и дали очекува уште еден мандат за досегашниот, одговарајќи на новинарски прашања, министерот Тевдовски смета дека е клучно фискалната и монтераната политика да бидат независни и дека станува збор прашање пред се на Собранието и на парламентарното мнозинство.
Ново на Сител
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот