-->
-->
Татко и син се заканувале на шумочувари при што повредиле еден од нив
-->
На 14.05.2021 околу 10.30 часот на место викано „Чешма“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Б.К.(53) и неговиот син В.К.(21), двајцата од Крушево, затоа што со пила и остар предмет се заканувале на шумочувари, вработени во ЈП „Македонски шуми“ – Крушево, при што Б.К. повредил еден од нив.
На наведеното место шумочуварите ги затекнале приведените при транспорт на нелегално исечени огревни дрва. Б.К. и В.К. биле приведени во Полициската станица Крушево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот