Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски
Судот ја повика на следното рочиште за „ТНТ“ докторката која на обвинетиот Тони Трајковски му издала медицинска документација за јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето.
Од Судот информираат дека е повикана докторката – професор од овластената клиника која на обвинетиот Тони Трајковски му издала медицинска документација дека истиот има здравствени проблеми и неможе да ја следи расправата.
– Со цел утврдување на фактичката состојба, доследно почитување на правата на странките во постапката, како и јавниот интерес за предметот, судот ќе и овозможи на докторката јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, за што веќе има издадено соодветна докуемнтација, се вели во соопштението од Судот.
Судот го прифати барањето на одбраната за одложување на вчерашното рочиште за предметот „ТНТ“, откако беше доставена лекарска документација дека обвинетиот Трајковски е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.
Адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски по завршувањето на вчерашното рочиште, на прашање зошто не може Трајковски да доаѓа на судења,рече дека има последици по здравјето од самото претепување.
– Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена, изјави Страшевски.
Предметот за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.
За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Една ипол година затвор за поранешните директори на модуларната болница во Тетово
-
Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката