Страшен судар на аеродромот во Амстердам: Се судрија два патнички авиони, извршена итна евакуација
На меѓународниот аеродром Шипхол во Амстердам се судрија два патнички авиони,
Британските медиуми јавуваат дека станува збор за авиони на Изиџет (EasyJet) и КЛМ.
Изгледа дека авионот на Изиџет се удрил во боингот на КЛМ. Боингот се подготвувал да полета за Мадрид, а авионот на Изиџет долетувал од Лондон кога се судриле на пистата.
Сведоците велат дека двата авиони се оштетени, а патниците се евакуирани назад на терминалот. Еден патник твитна за тоа што се случило.
„Мојот Изиџет авион на летот од Амстердам за Лондон буквално се зачука во друг авион. Нашето крило се зари во опашката на КЛМ. Заробени сме во авионот додека не заврши истрагата“.
Изиџет го потврди инцидентот и додаде дека патниците ќе одлетаат со друг авион, кој е на пат за Амстердам.
Ново на Сител
-
Мечките повторно се спуштија во селата во Реканскиот регион
-
Светски ден на учителите - МОН почна кампања „Магијата е во знаењето“
-
Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици
-
Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип
-
Пчеларите бараат поедноставени процедури за пристап до финансиска поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес