Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена

На Самитот за енергетска безбедност во Лондон, британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со заедничка порака истакнаа дека Европа повеќе никогаш не смее да дозволи да биде уценувана со енергија од Русија.
Стармер порача дека „секое семејство и секој бизнис во Обединетото Кралство ја плати цената за тоа што Русија ги користеше енергенсите како оружје“ и додаде дека „време е за решителна акција“.
„Додека Русија не се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот, мораме да продолжиме да ги таргетираме нејзините енергетски приходи, кои ја полнат воената каса на (рускиот претседател Владимир) Путин. Ова е момент за дејствување, изјави Стармер, повикувајќи на „партнерство со ЕУ кое ќе одговара на потребите на нашето време“.
Во својот говор по Стармер, Фон дер Лајен предупреди дека Русија намерно ги користела енергенсите како средство за притисок и призна дека Европа „десетлетија ја занемаруваше последицата од таа зависност – уцената, економските шокови и цената кои ги плативме со руската инвазија врз Украина“.
Таа го пофали европскиот одговор, диверзификацијата на изворите и забрзаната енергетска транзиција, но додаде дека „сите знаеме дека има уште многу работа“.
Фон дер Лајен испрати и неколку пораки до американскиот претседател Доналд Трамп, потенцирајќи ја важноста на увозот на течен природен гас (LNG) од САД, но и на соработката со НАТО за заштита на клучната инфраструктура, вклучително и подводните кабли. Таа заврши со отворен повик за подлабоко партнерство:
„Европа е подготвена да работи со вас. Ако сакате да одите брзо – одете сами. Ако сакате да одите далеку – одете заедно. А ние сакаме да одиме далеку“, рече Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
