Средби на Димитров со Катругалос, Сијарто, Блок и Залкалиани на маргините на состанокот на НАТО
На вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на маргините од министерскиот состанок на НАТО, до сега, оствари повеќе билатерални средби со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, министерите за надворешни работи на Унгарија, на Кралството Холандија и на Грузија, Петер Сијарто, Стеф Блок и Давид Залкалиани.
Како што соопшти МНР, на средбата со грчкиот колега Катругалос станало збор за процесите и правните чекори кои следат во врска со пристапниот протокол за членство во НАТО на Република Македонија. Од двете страни беше истакната цврстата волја за имплементирање на Договорот од Преспа, стои во соопштението.
За време на билатералната средба со унгарскиот колега Сијарто, се наведува, Димитров истакна дека случајот со бегството и добивањето азил на поранешниот премиер Груевски, е предизвик за билатералните односи меѓу Република Македонија и Унгарија, кој го третираме со голема внимателност и во согласност со принципите на владеење на правото кон кои Македонија се стреми, а да се остане посветен на патот кон одржување на односите меѓу двете земји.
-Ќе ги искористиме сите правни можности за негово соочување со правдата во Македонија, истакнал Димитров. Сијарто, пак, се посочува, ја повтори поддршката на Унгарија за европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија.
Со шефот на холандската дипломатија Стеф Блок, кој, се наведува, честиташе за завршувањето на втората фаза за уставните измени, станало збор за реформите во областа на владеењето на правото. Министерот Димитров посочил дека „нашата цел е да не оставиме никаков сомнеж меѓу земјите членки дека заслужуваме почеток на пристапни преговори со Европската унија.“
Со министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалиани, се разговарало за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
Димитров треба да оствари билатерални средби и со своите хомолози од Романија, Норвешка, Литванија и Турција.
На последниот ден од работната посета на Брисел, во рамките на НАТО, Димитров ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-Атлантскиот Совет со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан. Во рамките на ЕУ, Димитров ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан
Ново на Сител
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
-

Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
-

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри
-

Во притвор мајката што го претепа 6-месечно бебе - За него ќе се грижи згрижувачко семејство
-

Застрелан ловџија во Конче, друг ловџија пукал во него од небрежност
-

Следната недела почнува судењето за „Пулс“, 15 обвинители ќе го водат предметот
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции

