Мицкоски со најава за нови инвестиции
Премиерот Мицкоски најави нови инвестиции и над 1000 нови вработувања од компании кои ќе склучат договор со Владата.Иако има некои компании се затвораат, бидејќи такви се условите на пазарот сепак доказ за конкурентноста според премиерот е „Костал“ која во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и 200 работни места.
Европскиот пазар и автомобилската индустрија во моментов се во стагнација, но сепак директор на „Костал“ во Македонија Мизо најави дека со дополнителни инвестиции ќе бидат позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија.
Инаку во „Костал“ во Охрид има околу 1.200 вработени, а во 2026 година е планирано да бидат отворени дополнителни 200.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
