Средба Спасовски-Селмани за нерешаните случаи на насилство врз новинари

Интензивирани се оперативните истражни дејствија во Министерството за внатрешни работи за 53 нерешени случаи на насилство врз новинарите и во наредниот период ќе бидат презентирани конкретните резултати, рекол министерот за внатрешни работи на денешната средба со претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани, соопшти МВР.
На средбата било истакнато дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат мерки за зголемување на безбедноста на медиумските работници.
Спасовски го информирал Селмани дека Министерството за внатрешни работи, изработило анализа со цел прецизно да се утврди на кое ниво се истрагите за случаите со насилство врз новинари. Особено, стои во соопштението, заради фактот што во зависност од лицето кое било нападнато, има очигледна разлика во обемот на оперативните истражни дејствија од страна на службите во Министерството. Најголем проблем претставува тоа што во одредени предмети се пропуштени дејствија и постапки кои требало да бидат преземени во кратки временски интервали за да се добијат валидни резултати. Но, како што објаснил министерот Спасовски, сега оперативните истражни дејствија во МВР се интензивирани и во наредниот период ќе бидат презентирани конкретните резултати.
Селмани, пак, истакнал дека медиумските претставници во неколку случаи имале проблеми и со полициските службеници и со цел да се избегнат вакви проблеми во иднина ќе бидат преземени соодветни активности. Договорено е и да се воспостави поинтензивна комуникација меѓу МВР и ЗНМ, за да може полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина.
Ново на Сител
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-

Доминација на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори: 55 градоначалници со се и тој на Скопје
-

Оставки во СДСМ по локалните избори – Филипче не се повлекува
-

Вреди го победи ДУИ по бројот на градоначалници
-

Какви јавни претпријатија наследи Орце Ѓорѓиевски?
-

Мисијата ОБСЕ/ОДИХР со оценка за локалните избори
-

Антикорупциска ги отфрли пријавите за прекрушувања на изборните правила
-

Нови пратеници на местото на тројца градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
