Средба на претседателката Сиљановска Давкова со унгарскиот амбасадор Клајн
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.
Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата бил поздравен интензивниот политички дијалог и изразена подготвеност за натамошна успешна соработка меѓу двете земји на билатерален и мултилатерален план.
Претседателката се заблагодарила за принципиелната и континуирана поддршка од Унгарија како гласен поддржувач на македонската европската интеграција, што претставува наш стратешки и национален интерес и ги поздравила приоритетите на унгарското претседавање со Европската Унија и најавите во однос на политиката на проширувањето, стои во соопштението.
Во таа насока, биле разменети информации околу текот на македонските евроинтеграции, при што претседателката го истакнала очекувањето дека процесот на пристапување во Европската Унија ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.
Од Кабинетот на претседателката додаваат дека соговорниците разговарале и за соработката во сферата на образованието, науката, одбраната и транспортот, при што претседателката изрази надеж дека во наредниот период дополнително ќе се продлабочи започната соработка помеѓу државните и високообразовните институции на двете земји.
На средбата биле посочени можностите и за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и зголемување на трговската размена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена