Македонија
28. September 2024 - 16:38

Расте потребата од образовни асистенти

Шест образовни асистенти ангажирани во средните училишта во Охрид и нешто повеќе од 10 тина во основните кои  даваат дополнителна помош на децата со полесна попреченост , за поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес.Станува збор за бројка која не е доволна туку е само една помош која треба да биде во соработка со стручните тимови .За инклузивно образование потребно  е комплетно инфраструктурно и кадровски опремување на училиштата.

Невладините сметаат дека концептот на инклузивно образование е погрешен и потребно е уште многу да се  работи бидејќи недостига екипиран тим од дефектолози ,логопеди ,педагози .На глувите деца им треба асистент кој го зборува знаковниот јазик и тоа што го зборува професионално  за да може да го научи на знаковен јазик.

Стручната фела пак на став дека не само што недостигаат стручни тимови, училиштата немаат ниту соодветна инфраструктура, Потрребни се лифтови, тоалети и засебни простории.