Македонија
15. November 2024 - 16:33

Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре

Претходното раководство на Пошта и директорот Идри Истрефи од ДУИ планирало од центалниот објект на компанијата да направат кабаре.

Оваа информација ја објави министерот за транспорт Александар Николоски по вчерашниот извештај на Државниот завод за ревизија во кој се констатирани низа неправилности.

Вели, претходното раководство сакало тотално да ја уништи Пошта.

- Дај Боже на претходната власт намерата да била приватизација на Македонски Пошти. Но јас не се сложувам со тоа. Нивната цел не била приватизација на Македонски Пошти туку пропаѓање на Македонски Пошти и отворање на неколку приватни пошти, вели Николоски.

Побара од надлежните институции да ги проверат лиценците кои се доделуваат на приватни компании за давање поштенски услуги.

- Би сакал да ги повикам Државниот завод за ревизија и Обвинителството да ја испитаат и работата на Агенцијата за пошти коешто треба да е регулаторно тело, но е сѐ освен регулаторно тело и да видат како се издавани лиценци за работење на приватни пошти коишто работат буквално од подрум, вели Николоски.

Извештајот кој вчера го објави Државниот завод за ревизија веќе е предаден во Републичкото обвинителство и е доделен на јавен обвинител. Тој, според информации на Сител, согласно наодите од извештајот, потоа предметот се очекува да му го додели на Обвинителството под чија надлежност евентуалните злоупотреби.

Ревизорите утвдија дека иако Пошта тоне во долгови и загуби, директорите лани си ги зголемиле платите. Според извештајот, работата тргнала надолу во 2017 година и оттогаш постојано има загуби. Најлоша година била 2022, кога Пошта влегла во минус речиси 4 милиони евра.

Лани едвај 60% од пратките биле доставени на време. Над 70% од фирмите и 40% од граѓаните биле незадоволни од поштенските услуги поради нередовна и несоодветна достава.