Бизнис
28. September 2024 - 16:39

Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема

Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување на производите нема. Од денеска 2,600 земјоделски и прехранбени продукти  ќе имаат ограничен рабат  од 10%,  трговците не смеат да им  наплаќаат дополнителни пари на добавувачите и производителите за маркетинг, реклама,  за истакнување на производот  на полица или за внесување  нов производ на пазарот. Со примена на  законот се очекуваше пад на цените за 20 до 30 отсто. За граѓаните  поевтинување нема , освен кај дел од производите  опфатени со есенската кошница, чии цени незначително се пониски

- За дена до два,  што е тоа? Какво поевтинување? Очекував повеќе, мерките немаат ефект, велат граѓаните

Поевтини цени ќе има, но почетокот на ноември, вели заменик министерот за економија. Дел од трговците веќе имаат нови договори со добавачите, но  некои треба да ги потрошат стратите залихи и да склучат нови

- Дел од трговците веќе имаат нови договори, а оние кои се во важност, по истекот на рокот, треба да склучат нови. Ефектите од законот ќе се почуствуваат крајот на октомври, почетокот на ноември, вели Марјан Ристевски, заменик министер за економија

Опозицијата пак  смета дека  трговците имаа доволно време од 6 месеци да се прилагот, затоа бараат поевтинувањето   да стартува  веднаш

- Секое пролонгирање сметам дека е само договор помеќу тие кои работат врз грбот на граѓаните. Законот е јасен и треба уште од утре да поевтинат голем дел од производите , изјави Фатмир Битиќи, СДСМ

Комисијата за заштита на конкуренцијата е надлежна да следи дали се почитува законот. Казните се до 20.000 евра.. Но ќе ги пишуваат  по нова година. До тогаш само ќе  набљудуваат.