Средба на гувернерката и министерката за финансии со Здружение на финансиски организации и Асоцијација на финансиски друштва
Во Народната банка се одржа прва заедничка средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Нина Ангеловска со претставници на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора на Македонија и на Асоцијацијата на финансиски друштва.
На средбата, како што соопшти Народната банка, акцентот е ставен на состојбите, движењата и трендовите во секторот на финансиските друштва, кој претставува мал, но динамичен сегмент од финансискиот систем. Одделно е разговарано и за предизвиците што со себе ги носи развојот на финансиската технологија и областите во кои треба да се очекува нејзина примена и кај нас во натамошниот период.
Како што стои во соопштението, соговорниците се осврнаа и на неодамна донесените измени на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци, со која се пропишува начинот на пресметување на СВТ на одобрените потрошувачки кредити од страна на сите кредитори, вклучително и финансиските друштва. Притоа е појаснето дека со измените се прецизира листата на трошоци што не се вклучуваат во пресметката на СВТ.
Од оваа листа се исклучуваат трошоците за осигурување или гарантирање на кредитот, што не претставуваат задолжителни дополнителни услуги, како и останатите трошоци што не се директно поврзани и со кои не е условено одобрувањето на кредитот. Со направените измени во регулативата се очекува дека ќе се обезбеди уште поголема транспарентност во формирањето на цените на потрошувачките кредити и дека на кредитобарателите ќе им биде навремено достапна поцелосна информација за вкупните трошоци што ќе ги имаат на годишно ниво.
На средбата е искажана желба заедничката комуникација на двете институции со Здружението и Асоцијацијата да продолжи, со цел континуирано информирање за состојбите, трендовите и новостите во секторот на финансиските друштва.
Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии оценија дека таквата заедничка комуникација може да биде особено значајна и корисна во согледувањето на натамошните предизвици на нашиот финансиски систем и за оцената на неговата стабилност.
Ново на Сител
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија
-
Поранешните директори осудени по 1,5 година затвор за пожарот во модуларната болница
-
Сè поголем број ментални заболувања кај младата популација, посета на психолог и психијатар сè уште табу тема
-
Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење
-
Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
-
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник пониски утрински температури