Сè поголем број ментални заболувања кај младата популација, посета на психолог и психијатар сè уште табу тема
Сè поголем е бројот на ментални заболувања кај младата популација, посетата на психолог и психијатар е сè уште табу тема во државава, вели доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа - семејна медицина (ЗЛОМ-СМ).
- Гледам дека овие трендови ги следи и Фондот за здравствено осигурување, па новите цели во превентивните прегледи се токму прашалниците за ментално здравје што ќе ги пополнуваат лица од 25 до 40 години врз основа на кој скоринг ќе одлучиме дали тоа лице понатаму може да оди на одреден психијатриски преглед. Ттреба сите како лекари, пред сè семејните лекари, да одиме во една поголема борба кон тие психолошки нарушувања што се случуваат во популацијата, изјави Ѓорѓиевски во рамки на 6. Конгрес и 26 Симпозиум на Здружението на лекари по општа-семејна медицина што се одржува во Скопје.
Посетата на психолог и психијатар, ккао што посочи, кај нас се уште е табу тема. Одењето на психолог или психијатар не значи дека некоја личност е луда, туку дека во одредени ситуации ни е потребна стручна помош за да полесно се пребродат проблемите.
- Кога ќе разговарате со некоја помлада индивидуа и ќе сакате од неа да добиете сознание, ѝ ги поставувате прашањата - како се чувствува, дали има расположение, дали не спие доволно и слично, пациенто, не сака да разговара на таа тема. Уште кога ќе кажете дека врз основ на скорингот, треба да проследи психијатар, реченицата што најчесто ја користат е „Па, јас не сум луд“. Тоа не е дека некој е луд, психијатар имаат и најпознатите ѕвезди - и политичари и глумци во светот имаат психијатри. Во одредени животни ситуации потребно ни е поддршка од психијатар и психолог, како би можеле полесно да ги пребродиме проблемите, нагласи Ѓорѓиевски.
Според него, треба да се разговара со пациентите за да се надмине овој проблем, а потребна е и мала мала реорганизација на примарната здравствена заштита.
- Ние сме тие кои го имаме првиот контакт. Ние треба да разговараме со пациентите, треба да забележиме промени во однесувањето кај нашите пациенти. Кога во ординација ќе ви влезе пациент кој го знаете 10 години, можете да забележите промена во неговото однесување, дали тоа е промена во изгледот, промена во неговата работна способност, незаинтересираност..... Тука може да се постави прашање без разлика дали дошол за некоја друга консултација, како би можеле да помогнете. Треба да имаме малку повеќе поддршка и од медиумите, од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување за да се може скрининг програми подобро да се одвиваат и да може со пациентите да се изгради подобра комуникација, бидејќи ни треба поголем преглед за индивидуална психолошка проценка во однос на сегашниот систем каде имаме истовремено водење на електронски и на хартиени евиденции, хронични пациенти, акутни пациенти и слично. Мала реорганизација на примарната здравствена заштита е итна и неопходна, подвлече Ѓорѓиевски.
Според него, потребно е и ревидирање на Позитивната листа затоа што имаме лекови кои веќе не се користат во европските држави.
Тој смета дека семејната медицина ги живее најтешките денови бидејќи семејните лекари се во дефицит, а нема стимулација кај младите лекари.
- Слабо се платени затоа што ако имате мал број пациенти и сте во мало место, немате доволно пациенти, капитацијата е ниска и не може да се извадат доволно плати. Нема мотивација ниту за отворање на сопствена ординација, бидејќи тогаш почнуваш со нула пациенти и нула денари, нема никаква финансиска стимулација, почнуваш борба со системот, а од друга страна треба редовно да исплаќаш плати. Другата работа е административната. Преобемната административна работа навистина не е потребно да биде присутна во примарното здравство. Третата работа е непризнавањето на специјализацијата по семејна медицина, рече Ѓорѓиевски.
На конгресот и симпозиумот ќе се зборува за дијабетот, хипертензијата, ревматските заболувања, но и за сексуално преносливите заболувања кои исто така се табу тема за помладата популација.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО