Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.
Судењето денеска продолжи со нови докази што ги презентира Обвинителството, дополнувајќи ја доказната постапка. Меѓу новите елементи е одговорот на барањето за податоци од 7 април 2023 година, во кое се доставува листа од електронската евиденција за работното место на обвинетиот Боре Видевски. Според приложената документација од ЈКП Древен Велес, Видевски не бил присутен на своето работно место на 22 и 27 ноември, деновите на убиството на Вања и Панче.
Обвинителството образложи дека нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, што ја оневозможува споредбата на неговото оружје со чаурата пронајдена при увидот во местото викано Рудник во Велес.
Според известувањето на надлежните органи, чаурата била внесена во системот за автоматска компарација, но анализата не покажала поклопување со претходно внесени податоци од кривично-правни настани во земјата.
- Видно од известувањето, доставен е одговор дека во извештајот, меѓу другото, е наведено дека, предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9мм од производителот Сувенир, Македонски Брод, произведена во 2002 година. Истата поседува траги од испалување со идентификациони значење, механичките траги од испалување се внесени во системот за автоматска компарација и не се постигнати совпаѓање и вклопување на трагите, односно не се постигнати поврзувања со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на РСМ. Компаративна анализа била направена на предметната чаура и во однос на пиштолот зброевка, од обвинетиот Боре Видевски, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршено пробно испукување за наведеното оружје, не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури, од пробно испукување од конкретното оружје не може да се врши компаративна анализа со предметната чаура, наведе Обвинителката.
Првообвинетиот Љупчо Палевски во врска со новио доказен материјал рече дека Обвинителството, со задоцнување од една година, се обидува да изгради алиби за себе поради, како што рече, „непостапување во откривањето на критичните елементи на случајот“.
- Ова е класично покривање на лошата истрага и непостапување во однос на оружјето, рече Палевски.
Судењето продолжи со изведување на докази од страна на Обвинителството, фото-документација за комуникација на Љупчо Палевски со лицето Ерол Османи кој како сведок беше испитан во текот на оваа постапка.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО