Македонија
16. May 2025 - 13:53

Работник загина на градилиште во Охрид

На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.