Србија: Претседателски, парламентарни и локални избори за Белград и уште 11 градови
Од седум до 20 часот денеска 6.501.689 запишани гласачи го избираат претседателot на Србија на пет години, пратеници во српскиот Парламент на четири години, советници во градското собрание на Белград и на уште 11 градови и општини низ земјата, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе се гласа на 8.267 избирачки места, но првпат не и во Косово поради одлуката на косовската Влада, српските гласачи од Косово ќе гласаат во Тутин, Рашка, Куршумлија и Бујановац.
На претседателските избори учествуваат осум кандидати, а нивниот редослед е одреден со ждрепка. За парламентарните избори предложени се 19 коалициски и партиски листи, а редоследот на гласачкото ливче e утврден според редоследот по кој тие беа доставени до Републичката изборна комисија (РИК).
На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Според важечкиот Изборен закон, Република Србија претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално на бројот на освоени гласови. Политичките партии на националните малцинства при распределбата на мандатите, кои доколку не го надминат изборниот цензус од три отсто, подлежат на „природнен праг“, кој се добива кога бројот на важечки гласови ќе се подели со 250 пратеници за секое место, што во зависност од излезноста на изборите, претставува меѓу 12.000 и 16.000 гласови.
Во Белград граѓаните гласаат за новото свикување на Градското собрание кое го сочинуваат 110 советници, кои потоа ќе го изберат градоначалникот на главниот град на Србија.
Во единствениот избирачки список за подрачјето на град Белград се запишани 1.600.214 гласачи, кои гласаат на 1.198 избирачки места.
Локални избори се одржуваа и во Аранѓеловац, Кула, Мајданпек, Бор, Медвеѓа, Дољевац, Лучани, Севојно, Сечња, Смедеревска Паланка, Кладово и Бајина Башта.
Републичката изборна комисија е должна најдоцна до 7 април до 20 часот да ги објави официјалните резултати од изборите.
Ново на Сител
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор