Македонија
25. April 2025 - 16:44

Подготовките за локалните избори во полн ек

Почнаа подготовките за локалните избори. Партиите го мерат јавното мислење, но официјални кандидатури се уште нема. 

Иако имиња се уште нема, она на актуелниот градоначалник на Центар се чини едно од посигурните во СДСМ. Самиот тој не крие дека посакува да остане во бараките спроти градскиот парк.

Во моментов СДСМ разговара со своите традиционални партнери но не ја исклучуваат можноста за соработка со сите заинтересирани политички субјекти. 

Во главниот град опозицијата се уште нема профилирано свој кандидат додека во ВМРО-ДПМНЕ се води внатрепартиска битка меѓу повеќе кандидати меѓу кои најсериозни се сметаат актуелниот министер за локална самоуправа Перински и градоначлникот на Кисела Вода Георгиевски. Неофицијално, меѓу поизвесните кандидати за нов мандат се градоналниците на Штип и Охрид, но од ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема нема ниту потврда ниту демант. 

Интересна е и битката во албанскиот политички блок. Таа веќе предизвика земјотрес во коалицијата Вреди која не ги задоволи изборните апетети на Таравари. Се чини Касами е сигурен кандидат за нов мандат во Тетово, а Ганиу во Чаир. 

ДУИ минатиот месец се закануваше со бојкот на изборите но во моментов и интегративците спроведуваат анкети и бараат најдобри кандидати. Покрај традиционалните блокови, посериозни кандидатури се очекуваат и од Левица и ЗНАМ.

Локалните избори треба да се одржат во октомври. Првиот круг се очекува во првата половина на месецот.