Македонија
25. April 2025 - 16:45

Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите

Ние ќе го направиме нашиот дел, но Европската Унија мора да покаже одлучност и да го намали јазот помеѓу очекувањата и испораката - министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со порака до Брисел само така може да се гарантира долгорочна безбедност и стабилност во регионот. Дециден е дека македонските позиции се јасни дека треба да се стави крај на билатерализацијата на интеграциите. 

Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати, смета шефот на црногорската дипломатија кој е во посета на Македонија. Оптимистички најавува дека нивниот фокус е до 2028-ма да бидат дел од ЕУ, но очекува придвижување и на македонските интеграции.

Муцунски не е загрижен од големиот број на амандмани кои грчките и бугарските европратнеици ги поднесоа на извештајот за Македонија. Очекува Европскиот парламент да ја продолжи традицијата на извештаи кои што се позитивни кон напредокот врз основ на мерит и критериуми и поддршката за што побрзо членство на Македонија во ЕУ.