АМС: Спортските ваучери не се укинуваат, туку се менува начинот на нивна реализација
Агенцијата за млади и спорт во врска со измените во Законот за данок на добивка кој се однесуваат на даночно ослободување за националните спортски федерации, спортски клубови и активните спортисти, денес преку соопштение ја информира јавноста дека со овие измени не се укинуваат спортските ваучери, туку се менува единствено начинот на нивна реализација.
– Како што беше претходно најавено, државата директно ќе ги исплаќа средствата на спортските субјекти кои ќе имаат право на спортски ваучер. Агенцијата за млади и спорт во координација со Министерството за правда, го имаат подготвено новото предлог законско решение со кои ќе се уреди новиот начин на реализација на спортскиот ваучер и истиот е во фаза на усогласување со надлежните институции за да се овозможи отпочнување на собраниска процедура за новите предлог законски измени, стои во соопштението на АМС.
Од Агенцијата додаваат дека поддршката во спортот со спортскиот ваучер ќе продолжи, а оваа мерка со новиот начин ќе се унапреди, и сите кои имаа тешкотии од било кои причини при реализација на спортскиот ваучер, тој проблем веќе ќе го немаат.
-Злоупотребите од нечесните компании кои бараа услуги за реализација на спортскиот ваучер, ќе престанат и сите средства ќе се користат за унапредување на спортот и за потребите на спортистите, потенцираат од АМС.
Токму со средствата добиени преку спортските ваучери, изминатите години функционираат најголем број македонски клубови и спортисти.
Ново на Сител
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-

Доминација на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори: 55 градоначалници со се и тој на Скопје
-

Оставки во СДСМ по локалните избори – Филипче не се повлекува
-

Вреди го победи ДУИ по бројот на градоначалници
-

Какви јавни претпријатија наследи Орце Ѓорѓиевски?
-

Мисијата ОБСЕ/ОДИХР со оценка за локалните избори
-

Антикорупциска ги отфрли пријавите за прекрушувања на изборните правила
-

Нови пратеници на местото на тројца градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
