Спасовски: Заклучно со септември, 14 случаи на злоупотреба на оружје на веселби и прослави
– Во текот на минатата година, заклучно со крајот на септември, полицијата евидентираше 14 случаи на злоупотреба на оружје при веселби и прослави и сите тие се кривично-правно финиширани, што резултираше со 7 кривични дела „предизвикување на општа опасност”, едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи”, како и шест прекршоци по Закон за прекршоци по јавниот ред и мир.
Ова го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
– Партнерското учество во оваа кампања на МВР заедно со УНДП уште еднаш ја покажува нашата решеност покрај репресивното делување, да продолжиме во континуитет да работиме и во делот на превенцијата, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ во локалните заедници, затоа што впрочем тоа го правевме во изминатиот период преку полициските служби за превенција во сите СВР-а, напиша Спасовски на фејсбук.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна