-->
-->
Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер Гончарук за авионската несреќа
-->
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски денеска испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер, Олексиј Гончарук по веста за трагичната авионска несреќа.
– Со жалење ја примив веста за авионската несреќа на украинскиот „Боинг 737“ што се случи во близина на техеранскиот аеродром и во која животот го загубија повеќе од 170 лица. Од името на Владата на Република Македонија и од свое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до украинскиот народ и до семејствата на настраданите, е наведено во телеграмата испратена од премиерот Спасовски до украинскиот премиер Гончарук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии