-->
-->
„Спајдермен“ од Париз: Имигрантот од Мали што викендов спаси дете доби француско државјанство
-->
Мамуду Гасама, младиот илегален имигрант од Мали што викендов спаси дете коешто виси од зграда во Париз, денеска доби француско државјанство. Документите му беа врачени лично од францускиот претседател Емануел Макрон.
Xеројот кој веќе го доби епитетот „малискиот Спајдермен“, го забележал бебето како се прекачува преку оградата на тераса од четвртиот кат и почнува да виси надолу. Гасама веднаш тргнал да се искачува по зградата и помогна бебето да се повлече на сигурно. Драмата имаше среќен крај, и детето е спасено.
На пофалните зборови на Макрон за храброста на Африканецот, тој одговара дека не ни размислувал многу за тоа.
- Само се искачив и Бог ми помогна, истакнува тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-
Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството и инспекциите ја чешлаат Комунална
-
М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно
-
Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип
-
Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки
-
Преглед на вестите од светот