-->
-->
СП Катар: Мароко прва селекција од Африка во ТОП 4
-->

Мароко ја напиша златната страница на африканскиот фудбал со триумфот од 1-0 против Португалија и стана првата африканска селекција која стигна до најдобрите 4 во светот. На претходните првенства, Камерун, Сенегал и Гана беа блиску до ова историско достигнување но за малку не успеаја.
Мароко против големиот фаворит одигра тактички зрело и до победата дојде со погодокот на Ен Незири во првиот дел. По овој гол Португалија се обидуваше да израмни но не успеа да го најде вистинскиот пат и со влегувањето на Роналдо во игра.
По мечот се селекторот Сантош изјави дека не можете да барате успех доколку не креирате шанси за да постигнете гол.
Тагата кај португалците по оваа елиминација беше голема а големата ѕвезда Роналдо со солзи го напушти теренот на стадионот во Катар пропуштајќи ја последната шанса во кариерата барем да заигра во големото мундијалско финале.
Ваква шанса се уште има Лионел Меси кој посакува кариерата во аргентинската репрезентација да ја заврши со светска титула но за тоа ќе треба да ја елиминираат сензационалната Хрватска која беше подобра од Бразил додека Аргентина исто така во пенал рулетот славеше против Холандија откако во регуларниот дел средбата заврши со резултат 2-2.
Во последниот натпревар од четвртфиналето вечерва играат Англија и Франција а победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против Мароко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
