Советот на Гевгелија го усвои Развојниот план за 2018
Развојниот план на општина Гевгелија за 2018 година, чиј предлагач беше градоначалникот Сашо Поцков, доби зелено светло од општинските советници кои беа информирани дека е составен од 26 развојни потпрограми поделени во осум програми.
Поцков посочи дека ќе продолжи реализацијата на веќе започнатите капитални проекти како новиот водоснабдителен систем, доизградба на нови 14 училници во СОУ „Јосиф Јосифовски“ регулација на дел од коритото на Сува река, пречистителната станица за фекална канализација во Гевгелија и довршување на примарната и секундарната сообраќајна мрежа во мултинаменскиот комплекс „Милци“.
- Покрај ова, приоритет во општина Гевгелија во наредната година ќе биде изградбата на нова детска градинка, гасификацијата на општината, изгрдбата на катна гаража, уредување на нов градски парк и плоштад, проширување на атмосферската канализациска мрежа и замена на азбестните цевки во водоводната мрежа во Гевгелија и населените места, нагласи градоначалникот Поцков.
Амбициозниот развоен план на општина Гевгелија за 2018 година исто така предвидува отворање на мултимедијален културен центар, стационар за бездомни животни,довршување на заобиколниот пат околу Гевгелија и доизградба на спортско-рекреативниот комплекс со базен, информира Поцков.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници