СОНК: Добро е што се повлече одлуката за фиксно работно време во детските установи
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) денеска ја оцени како добра одлуката за повлекување на претходното известување за воведување фиксно осумчасовно работно време во детските установи.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес- конференција рече дека тоа не е победа на раководството на СОНК, туку признание за покажаното единство на членството и за подготвеноста сите заедно да ги одбранат правата на членството.
Посочи дека СОНК преземал активности со кои брзо и ефективно се справиле со проблемот со, како што рече, минатонеделното известување од Министерството за труд и социјална политика упатено до директорите со барање за воведување фиксно работно време во детските установи, што е спротивно на законот за детска заштита и колективниот договор за детска заштита.
- Тоа е апсолутно неприфатливо од едно ресорно министерство надлежно за спроведување на работничките закони и неочекувано да суспендира закони, колективен договор и подзаконски акти. Наместо конструктивен дијалог со социјален партнер, Министерството за труд и социјална политика изнесе шпекулации и невистини дека голем број вработени во детските градинки на национално ниво биле ангажирани да учествуваат на партиско политички настани и ги оставаат градинките празни и без персонал, рече Неделков.
Посочи дека побарале да бидат доставени докази за ваквите, како што рече, скандалозни тврдења, но оти се уште не добиле конкретен одговор за тоа.
На обвинувањата од министерката Ременски дека СОНК наместо да ги штити интересите на членовите, одработува за некои партии во власта и членството го насочува на протести, немири и штрајкови, Неделковски рече дека СОНК апсолутно не одработува за никого и се стреми за тоа што е создаден, од начелото на одбрана и унапредување на правата на работниците.
- Претседателот на СОНК ниту е член, ниту бил член на некоја политичка партија и не може да се препишува дека одработува за некоја политичка опција. Спротивно на тоа, министерот за труд и социјална политика е потпретседател на една политичка партија, рече Неделков.
Според Неделков се поставува и прашањето дали некој ќе поднесе одговорност за ваквата состојба наметната врз работниците од образовната дејност и дали ќе биде надоместено прекувременото работење во детските установи на воспитувачите и негувателите.
Ново на Сител
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок