Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
Власта да преземе сериозна одговорност, за да се подготви бизнисот за последиците кои ќе следат од случувањата во гермаската економија и чекорите кои ќе ги преземе новиот претседател на САД. Првиот човек на Стопанската Комора вели – ако се скрати од непродуктивните трошоци, ако им се дадат поволни кредити на фирмите, на општините, ако се вложува во инвестиции кои носат раст – последиците нема да бидат толку тешки.
„Треба и сите максимално да бидеме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме. Растот на платите мора да биде врзан со растот на администрацијата и пензиите, со растот на БДП. Пораката е јасна, мораме да направиме различна структура на извозот, мора да се зголеми соработката со регионот, заеднички да настапуваме на страни пазари, а не да нема железница, да нема инфраструктура, еве од Сараево до Скопје да патувате 9 саати. Треба да имаме мобилна економија и политички систем кои тоа ќе го амортизираат и ќе го префрлат на друг колосек, тоа е составен дел од ризикот со кој сите се соочуваме. Бизнисот е како велосипед, ако го вртиш ќе даде резултат, ако не, ќе падне. Ние сакаме да го забрзаме велосипедот зашто забрзувањето дава стабилност. Не можеме да програмираме стапка на раст од 1,2 или 1,8 и да бидеме задоволни.“, изјави Бранко Азески
Сегашната криза во Германија може да е шанса за Македонија, вели директорката на Германската стопанска комора. Сега германските производители бараат нови пазари, каде ќе имаат пониски трошоци, додека оние кои веќе се присутни во земјавата да не се грижат. Најава за отпушатања на работници, нема. Јасно ни е дека актуелната состојба во Германија влијае и тука и буди многу прашања кај македонската јавност како економската криза во Германија ќе делува тука. Како Германска стопанска комора не ни е познато дека некој од германските инвеститори тука планира кратење на работни места. Овој период тие планираат да го искористат за тренинзи и обуки за своите вработени, но исто така и за да инвестираат во нови технологии и затоа организираат нова едукација за персоналот. Не радува дека германските инвестиции не се само во областа на автомобилската индустрија, туку има и други сектори каде што се инвестира и тие сектори не се загрозен, рече Антје Ванделт, директор на Германската стопанка комора.
Сепак смирувачките тонови на Ванделт ги побива Блумерг, кој пишува дека германската економија се распаѓа. Германија се приближува до точка од која нема враќање. Високите цени на енергенсите и падот на извозот го осиромашија секое германско домаќинство за 2,500 евра. Овој пад може да стане незапирлив Бизнис лидерите знаат за ова, населението го чувствува, но политичарите се уште не успеале да најдат одговори на прашањата што се поставуваат. Како резултат на тоа, најголемата европска економија тргна на пат од кој нема враќање, пишува Блумбер.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар