Политички рекации
Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има, порачаа од владејчката ВМРО-ДПМНЕ откако вчера Обвинителството отвори истрага за поранешниот вицепремиер за незаконска набавка на слот машини во државната лотарија, а тој пак ден претходно излезе од земјава.
Истрагата да продолжи, бара и албанскиот партнер во владата.
Груби, ден пред официјалната истрага, во објава на Фејсбук потврди дека заминал во Косово, но тоа не било бегство и дека ќе се врати. Во меѓувреме неговиот партиски лидер Ахмети исто така ја помина границата кон Косово. Тој според објавите на косовски медиуми и на социјалните мрежи е во Приштина. Таму наводно ќе го добиел почесно клучот на градот.
„Историско кафе со Али Ахмети во Приштина. Утринско кафе во Приштина со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, напиша на Фејсбул косовскиот бизнисмен Исмет Сулејмани. Истрагата на Груби, предизвикува реакции и кај меѓународните фактори.
Обединетото Кралство ќе продолжи да го поддржува сето она што ја сузбива корупцијата, коментираше по повод случајот со државна Лотарија британскиот специјален претставник за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич за МИА.
- Секако дека корупцијата ја поткопува безбедноста. Без разлика каде се наоѓаме во светот, корупцијата ги поткопува вредностите за кои за залагаме. Една од загрижувачките статистики тука е дека само шест проценти од луѓето тука мислат дека независноста на судовите е на многу добро ниво. Тоа е загрижувачко и ние ќе продолжиме преку нашата Амбасада и преку линковите со нашите пријатели тука да да помагаме во однос на владеењето на правото и за граѓаните и за бизнисите...
- Обединетото кралство ќе продолжи да го поддржува сето она што ќе ја сузбие корупцијата во целиот регион, не само во Северна Македонија и ќе преземеме соодветни мерки ако сметаме дека тоа е потребно, рече Пич.
Американската амбасадорка Агелер денеска не сакаше да ги коментира наводите на Обвинителството за Груби за како што рече да не се меша во внатрешните работи и судската власт.
Сепак Агелер, претходно во интервју рече дека воопшто не е изненадена што токму Груби се најде на црната листа на САД бидејки сите знаат кој бил корумпиран во земјава.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар