Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера во своите излагања бараа да се почитува волјата на мнозинството при изборот на претседател на Комисијата и на Собранието кои, како што посочија, секогаш доаѓаат од победничката пратеничка група.
Во вчерашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираа за т.н. тиранска платформа и порачаа дека се за унитарна, мултикултурна и напредна, а не федерализирана, бинационална и двојазична држава. Според нив, прифаќањето на платформата е постизборен инженеринг со кој се изигрува волјата на мнозинството.
Во однос на составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Ново на Сител
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
