Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
Нема пазарења со Рамиз Мерко за негова аменестија за сметка на поддршка во вториот круг во Струга за кандидатот на Вреди, вели Мицкоски по шпекулациите на локални портали дека е можна сорaботка на власта со ексфункцнионерот на ДУИ. Мицкоски е дециден преговори со лица на црна листа не прави.
„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, иначе апсолутно е неточно“,
Шпекулациите ги поттикна самиот Мерко со објава на социјалните медиуми дека во втпориот круг нема да даде поддршка на кандидатот на ДУИ.
По ваквите објави и Мерко тврди дека не се меша во изборите во Струга, тој бил само обичен гласач.
За идниот градоначалник на Струга се води многу тесна битка од 150 гласа, помеѓу независниот Ќура, поддржан од Вреди и Далипи, кандидат на коалицијата на ДУИ. Мерко, кој инаку е на црната листа на САД, а има и неколку обвиненија за корупција, се уште важи за локален фактор во градот иако ја замрзна својата партиска функција во ДУИ.
За партиски кујни во Струга денеска обвинуваат и од Вреди. Тие велат дека ДУИ, таму игра со Апасиев, чија кандидатка освои околу 2.800 гласови.
„Вреди одамна укажа на состанокот меѓу емисарот на Али Ахмети, Кренар Лога, и Димитар Апасиев, како дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од Вреди во првиот круг. Денес сè е на виделина“, соопшти коалицијата Вреди.
Од друга страна, Мицкоски тврид дека се смири реториката за етничко гласање во Кичево на кое минатата недела повика коалицискиот партнер Касами
Сепак, страстите се уште не се смирени со кандидатот на Вреди во Брвеница - Рамадани. И тој повика на етничко гласање против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ мобилизирајки гласови од дијаспора. Мицкоски вечра најави негово разрешување од позицијата директор на Инспекторатот за локална самоуправа оценувајќи ги неговите повици како неприфатливи.
Рамадани пак со став, дека разрешувањето не го погодува.
Честа, моралот и достоинството вредат повеќе од која било јавна функција.
Работев 17 години во Општина Брвеница – мултиетничка општина, каде што живеат и дејствуваат граѓани од сите заедници. Сите што ме познаваат, добро знаат кој сум и каква личност сум.
Гласањето во мултиетничките средини стана главна тема меѓу двата изборни круга, поради можни нови позиционирања на Вреди и ДУИ на политичката сцена.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
