Македонија
16. February 2026 - 12:18

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата

Зголемувањето на платите во реалниот сектор е од есенцијална важност за запирање на егзодусот на младата работна сила од држава, предупредуваат економистите. Ова повеќе не е само економско, туку и демографско прашање од кое зависи иднината на македонското стопанство, но и потенцијалот од млад работоспособен кадар во компаниите. Сосема легитимно е барањето на работниците за зголемување на минималната плата, а и на останатите плати, зашто целиот товар е на нивни плеќи.

- Не може нашиот работник да биде виновен што странскиот партнер му ја намалил цената по единица производ на нашите конфекционери или препработувачи. Тоа е нивна задача, да се борат за соодветен статус на пазарот и со меѓународната конкуренција, а сите тие нивни неуспеси ги префрлаат на товар на вработените, изјави Глигор Ивановски, економист

Едно нуклеарно семјство, родители и деца, со две минимални плати не може да си ги овозможи основните егзистенцијални потреби, бидејќи потрошувачката кошнишка далеку ги надминува нивните приходи. 

- Не може да ги обвинуваме работниците кога велат дека со 25 000 денари не може да се опстане, тоа го знаат сите учесници во тоа трипартитно договарање, односно, на Владата, Стопанска комора  и на Синдикатот. Тоа се тројцата партнери кои ги договараат минималната плата итн, додаде Ивановски

Економистите алармираат дека, доколку не се изнајде одржлив модел, кој ќе обезбеди распределба на одгвоорноста помеѓу институциите и бизнис заедницата, земјата ризикува дополнително празнење на човечкиот капитал и продлабочување на социјалната несигурност.