Македонија
27. October 2025 - 14:49

Уапсен директорот на Комунална хигиена

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП Комунална хигиена“ Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик.

- По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП Комунална хигиена“ Скопје, во врска со сомненија за Загрозување на животната средина и природата со отпад, наведуваат од Обвинителството.

Медиумите попладнево објавуваат дека меѓу приведените е директорот на ЈП Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми. Засега полицијата и обвинителството официјално не ја потврдуваат оваа информација.

Истрагата за работата во ЈП Комунална хигиена“ започна откако во Градот Скопје подолго време не се собираше сметот што доведе и до воведување мерки од страна на здравствените власти.

 

МИА