Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими
Собранието на Република Македонија на денешната втора седница ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими, по што претседателот Талат Џаферија ја прекина седницата, се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК.
Џафери бил известен дека Бесими нема да ја образложи неговата оставка, а бидејќи беше избран за пратеник од листата на кандидати од ДУИ потребно е ДИК да го извести Собранието за следниот кандидат од оваа листа на кој треба да му се верификува пратеничкиот мандат.
Инаку, Фљорин Бесими е брат на Фатмир Бесими од ДУИ кој треба да биде предложен за министер за финансии. Фљорин Тој уште пред неколку дена преку соопштение најави повлекување од пратеничката функција, по реакцијата на Антикорупциската комисија.
Се очекува денеска да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.
Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница