Македонија
1. October 2025 - 16:33

Со 10.000 бруцоши почна новата академска година

Полн кампус, први индекси, 10 илјади млади луѓе денес го прават првиот чекор кон исполнување на своите желби за иднината. Универзитетските порти се отворија за новата генерација бруцоши во државата.

Новата генерација академски граѓани ги пречека министерката заедно со ректорката на државниот универзитет и бројните професори од кои ќе учат за струката која ја избрале. Јаневска им посака просперитет и им порача да станат успешни лидери кои ќе ја водат државата во 21век.

Топло добредојде им посака и лидерот на УСС кој ги охрабри новите колеги активно да учествуваат во студентските тела кои креираат подобри услови за студентите.

Полни со амбиции, очекувања и малку трема студентите велат имаат големи очекувања. Најатрактивни за нив се факултетите ФИНКИ и економскиот факултет, но има и такви кои се определиле да стекнат високо образование во поспецифични насоки, како оние на институтот за антропологија и етнологија.

Првиод академски час свечено беше одбележан и на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Со првиот академски час, почна наставата на сите факултети во Македонија.