Скопје ќе добие нови летни отворени сцени во Градскиот парк
Град Скопје соопшти дека се почнати постапките за изведба на две летни отворени сцени во зелениот појас на Градскиот парк. Едната ќе биде спроти Сточарскиот институт, а другата во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.
Двете сцени ќе се изведуваат според наградените решенија, за што Град Скопје минатата година објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје. Најдобрите трудови беа наградени со по 70.000 денари.
Првата летна сцена што ќе се гради спроти Сточарскиот институт, ќе биде отворена составена од неколку делови и тоа од армирано бетонска бина или подиум подигнат 40 см. над теренот и челична носечка конструкција со два зглоба во армирано бетонската подлога. Гледалиштето ќе се оформува со преместување на трибините кои, во оној период кога нема организиран настан на сцената, ќе бидат поставени околу стеблата на поголемите дрвја кои се наоѓаат на самата локација.
Втората сцена е лоцирана во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90. Таа ќе биде во вид на пресечен конус. Кај оваа сцена, аудиториумот е вкопан со цел да се задоволат стандардите за непречено следење на сценската изведба. Секој ред е со широчина од 160см и освен за седење може да се користи за понеформални собири и поради тоа не е предвидено поставување столчиња или друга опрема.
– Ваквите отворени сцени се потребни за Скопје и скопјани, особено во изминатиов период со појавата на глобалната пандемија на корона вирусот. Со изградбата на летните сцени, Скопје ќе добие нови локации каде ќе се организираат бројни настани, а ќе овозможат на скопјани да уживаат во квалитетни културни и музички изведби, велат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните