Македонија
4. May 2025 - 14:17

66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга

На 03.05.2025 година во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 11.25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, автобус марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л.(52) од Охрид удрил во лице со инвалидска количка - С.Ч.(66) од Струга.

Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување. Известен е надлежен ЈО, и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Струга.