Македонија
4. May 2025 - 14:06

Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта

Денеска (04.05.) во 00.15 часот на улицата „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода З.К.(36) од Крива Паланка.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Мицубиши “ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од З.К., и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај, возачката дозвола привремено му била одземена, и истиот бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ - „безобѕирно управување со моторно возило“.