Скопје и Софија ја зајакнуваат соработката за справување со мигрантите

Министрите за внатрешни работи и за одбрана на Македонија Оливер Спасовски и Зоран Јолевски на денешната средба со бугарските колеги Румјана Бачварова и Николај Ненчев договориле зајакнување на соработката меѓу двете земји за полесно справување со проблемот со мигрантите.
На средбата, која се случила на граничниот премин Ново Село - Златарево, како што соопшти македонското МВР, министрите размениле информации и меѓусебни искуства и се договориле за зајакнување на соработката за полесно справување со проблемот со мигрантите.
- Оваа криза добива на интензитет од ден на ден и затоа мораме да бидеме подготвени да пратиме порака до граѓаните на двете држави дека сме решени да се справиме со кризата. Кризата може да се надмине само ако имаме мудри одлуки на земјите - членки на ЕУ и добра координација меѓу соседните држави од регионот, рече Спасовски.
Спасовски, како што соопшти МВР, посочил дека соработката меѓу овие министерства ќе се продлабочува и оти ќе биде направено се што е можно да им повеќе заеднички контроли на границите на Република Македонија и Република Бугарија за да не дозволиме да се отвори нов коридор за влез на бегалци.
Ново на Сител
-

Филипче обвинува за предизборни притисоци
-

Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-

Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-

Преглед на вестите од светот
-

Предлог буџетот е остварлив, само ако парите се насочат кон вистински капитални проекти
-

Тема на денот со Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево (ВМРО ДПМНЕ)
-

Арсовска не сака да назначи нов директор на Комунална хигиена, претпријатието пред колапс
-

Касами менува реторика: Изјавата му била политички погрешно толкувана
