-->
-->
Скопјанец ограбен на Партизанска - крадците му украле торба полна со пари
-->
Скопјанец остана без своите пари, полицијата трага по крадците. Како што информира полцијата, вчера во 23,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.Ц.(56) пријавил дека истиот ден околу 23,30 часот на булеварот “Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица му била извршена тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден ранец во кој имало четири илјади евра, 50.000 денари и лични документи. Сторителите кражбата ја извршиле на тој начин што додека пријавителот се возел со велосипед лицата со моторцикл му се доближиле од позади грб и од корпата му го одзеле ранецот по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
