Живот
22. September 2016 - 17:58

Скандал на ватерполо: Хаос и масовна тепачка и во базенот и на трибините

Хаос и масовна тепачка на ватерполо натпревар каква не се памети и не е видена се случи во полуфиналето од шампионатот во Индонезија. По порвата четвртина од дуелот меѓу Западна Јава и Јужна Суматра ништо не навестуваше дека во продолжението ќе следува невиден спектакл.

До пресметката наводно дошло бидејќи некои навивачи почнале да фрлаат шишиња со вода во знак на протест против одлуката на судијата.

Во хаотичната ситуација имало удари на сите страни, а силите на редот едвај уапеале да ја смират ситуацијата.