-->
-->
Скандал: Директорката на училиштето во Карбинци чувала пиштол и муниција во канцеларија па и ги украле
-->

Вчера во 09,55 часот во СВР-Штип, Л.Ј.(1959) од Штип, директорка во ОУ„Страшо Пинџур“, лоцирано во с.Карбинци, пријавила дека ноќта на 24/25.02.2017 година во времето од 21,30 до 09,20 часот од страна на непознати лица била извршена тешка кражба во училиштето на тој начин што било искршено стаклото од канцеларијата на директорката, по што со протнување на раката го отвориле истиот.
Крадците влегле внатре и по извршено пребарување по фиоките од работните бироа во канцелариите на директорката и секретарката пронашле клуч од сеф, од кој сеф одзеле пиштол „Црвена Застава“ М-57 калибар 7,62мм, четири патрони за ловна пушка и околу 6.000 денари, а од канцеларијата одзеле монитор и куќиште, по што го напуштиле лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест