Синот на Гадафи се кандидира на претседателските избори во Либија во декември
Синот на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ел Ислам, се кандидираше за претседателските избори закажани за декември, изјави претставник на изборната комисија за локалните медиуми.
– Сеиф ал Ислам Гадафи ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори до канцеларијата на Изборната комисија во Сабха, во југозападниот дел на земјата, изјави претставникот за либискиот канал Ел-Расмија.
Агенцијата Бета потсетува дека Либија беше втураната во хаос за време на бунтот во 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен.
Во претходните години, земјата беше поделена на две паралелни и конфликтни влади, од кои едната го контролира источниот, а другата западниот дел на Либија. Секоја од нив имаше поддршка од неколку паравоени единици и неколку држави.
Прекинот на огнот е во сила од октомври 2020 година, а со земјата сега управува преодна влада чија задача е да ја подготви земјата за изборите во декември.
Ново на Сител
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза
-
20 години ОМД
-
Идеологија, солидарност или пари – што ги тера да се борат македонците во Украина и Русија?
-
Украина под огромен руски напад
-
Преглед на вестите од светот