Македонија
28. September 2025 - 16:41

20 години ОМД

Татковината е ваша исто колку што е наша. Да се занемари македонската дијаспора значи да се игнорира повеќе од половина од македонскиот народ, порача Претседателката на свечената вечера која по повод 20 годишнината ја организираше Обединетата македонска дијаспора.

Обединетата македонска дијаспора во овие 20 години отвори многу врати за Макеедонија, констатираше претседателот на оваа организација.

На свеченоста беа доделени серија награди меѓу кои и онаа за ќерка на Македонија, која ја доби Мериан Илиќ, една од петте најбогати жени во светот. Таа со своето семејство  поседува два професионални клубови во американската хокејарска и безбол лига а нејзиното богатство се проценува на 7 милијарди долари.

Пред дијаспората, Претседателката вети засилен ангажман за одржување на цврсти врски и соработка.

Средбите на дијаспората овде во Детроит се последни на агендата на македонската делегација која веќе во понеделник се враќа во Скопје.