Синирлиоглу: Во светот се зголемува заканата од тероризмот
Во светот се зголемува заканата од тероризмот, а терористите се приспособуваат за изменетата ситуација, изјави во Њујорк турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.
- Ги насочуваме напорите кон решавање на проблемите, кои се појавуваат поради тероризмот. Треба да споменеме дека освен директните штети врз социјалната, економската и политичката сфера, тероризмот е и причина за зголемување на бегалскиот прилив, што доведува до хаос, рече Синирлиоглу доцна синоќа на Глобалниот антитерористички форум.
Тој изјави дека учесниците на Форумот ја поддржале иницијативата за создавање на Центар за борба против екстремизмот и ја одобриле иницијативата на Холандија и Мароко за создавање работна група за собирање на информации за странските борци.
- Тоа е мошне современа и потребна иницијатива, која предвидува размена на информации, вклучувајќи разузнавачки, додаде турскиот министер.
Ново на Сител
-
Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ
-
Народниот правобранител апелира најитно да се донесе ново законско решение за „балансерот“
-
Трговците ќе мора да ги ажурираат цените на интернет секое утро до 10 часот
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ